Општество
Треба да ги препознаеме жените како лидерки, спасувачки и први во одговорот при катастрофи
УНДП конференција: Родовата еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи
Економија и бизнис | печатено издание | 01 јули 2024г.
Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија
Кога говориме за родовата еднаквост во политиките за намалување на ризиците од катастрофи, да се потсетиме на исклучителниот придонес на жените во управувањето со последиците од катастрофи. Од нивната улога како давателки на нега и лидерки во заедниците, но и нивната отпорност кога се соочени со предизвиците, жените се во првите редови при одговорот на катастрофите и во напорите за ревитализација.
Од императивно значење е нивните гласови не само да бидат чуени туку и засилени во нашите разговори и во процесите на носење одлуки.
Треба да ги препознаеме жените и девојчињата како лидерки, спасувачки и први во линијата на одговор, а не само како жртви на катастрофите. На сличен начин и лицата со попреченост поседуваат уникатни знаења и искуства, што е од клучно значење за преживувањето и за отпорноста на нивните заедници. Идентификувањето на овие способности и планирањето за потребите на маргинализираните групи може да ја трансформира отпорноста на сите нивоа.
Рамката од Сендаи за намалување на ризиците од катастрофи е водечкиот меѓународен документ за инклузивно намалување на ризиците од катастрофи, но нејзиното имплементирање се одвива бавно. Оваа конференција е значајна можност за земјава и за поширокиот регион на Западниот Балкан не само за обнова на политичката волја туку и за силна заложба за инклузивно и родово сензитивно постапување.
Треба да можеме да ги споделуваме лекциите за тоа што функционира успешно во нашиот регион, а што не функционира и каков вид поддршка ни е потребен за да ги оствариме нашите обврски. Преку создавањето партнерства, споделување на знаењето и заложбите за промени на политиките, може да создадеме поправедна и поотпорна иднина за сите. Мора да обезбедиме дека нашите стратегии и интервенции се чувствителни за различните потреби и искуства на сите родови со цел никој да не биде изоставен во нашата потрага по отпорност кон катастрофите. Да ја потврдиме нашата посветеност кон создавањето инклузивни политики за намалување на ризиците од катастрофи и носењето одлуки за секој поединец за да изградиме поотпорна и поправедна иднина за наредните генерации.
Промовирање на активностите на УНДП за подобрување на економскиот амбиент во земјава, за остварување побрз економски развој, за заштита на животната средина, итн.