Финансии / Банкарство
Во Тунис има голем број затвореници поради издавање чекови без покритие
10.06.2024
Во затворите во Тунис се наоѓаат неколку илјади лица затоа што потпишувале чекови без покритие. Според официјалните податоци, во мај годинава 496 лица биле затворени поради издавање чекови без покритие , но Националната асоцијација на мали и средни претпријатија проценува дека овој број е околу 7.200. Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ во својот извештај за служење на затворските казни посочува дека законите во Тунис не влијаат на економскиот развој, бидејќи затворениците во текот на отслужувањето на казната не се во можност да заработуваат и да го отплатуваат долгот.
Стапката на сиромаштија и економската нееднаквост во земјата е многу висока. Поради тоа, голем број од населението живее на вересија, а со издавањето на чекови се финансира и дел од малата економија.
Чековите во Тунис, покрај средства за плаќање, се користат и како начин за алтернативно кредитирање. Сопствениците на микро, мали и средни претпријатија со издавањето на чекови го финансираат тековното работење и развојот на компанијата, затоа што немаат пристап до кредитите на банките. Овие чекови се нарекуваат „гарантни“, затоа што ја гарантираат исплатата на долговите! Меѓутоа, во случај да не бидат исплатени, се смета дека лицата, кои ги потпишале и издале чекови без покритие, сториле кривично дело за кое е предвидена казна до пет години затвор.
По јавниот притисок од медиумите Владата на Тунис најави дека ќе ги намали затворските казни или ќе ги укине, а се предлага и носење на алтернативни мерки за луѓето, кои ги издале чековите да можат да ги вратат долговите, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic