Финансии / Банкарство

Угостителските услуги во мај поскапи за 5.0 % во споредба со истиот месец лани

05.06.2024г.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2024 година, во споредба со април 2024 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.0 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, е зголемен за 1.8 %.
фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО