Општество

Бугарија со најмногу вработени жени во информатичкиот сектор во ЕУ

24.05.2024

Бројот на стручњаци кои работеле во Европската Унија во секторот на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во 2023 година изнесувал 9,8 милиони  и учествува со 4,8 отсто од вкупниот број на вработени.

Tрендoт на раст е присутен во последните години.  Овој број е зголемен за 1,5 процентни поени во 2013 година. Во 2022 година бројот  на стручњаци во ИКТ  секторот изнесувал 4,6 отсто од вкупниот број на вработени во ЕУ, пренесува Евростат.

Меѓу земјите во ЕУ учеството на вработенитево  ИКТ  секторот е најголем во Шведска (8,7 отсто), Луксембург (8 отсто) и Финска (7,6 отсто). Најмало учество е забележано во Грција (2,4 отсто), Романија (2,6 отсто) и во Словенија (3,8 отсто).

Учеството на жените во овој сектор изнесува 19,4 отсто во 2023 година. На ниво на земји, најголем број на жените во ИКТ индустријата е забележан во Бугарија (29,1 отсто), Естонија (26,8 отсто) и во Романија (26 отсто). Најмало учество на жените има во Чешка (12,4 отсто), Малта (13,8 отсто), како и  Унгарија и Италија со 15,7 отсто.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО