Финансии / Банкарство

Банките во Словенија со пораст на нето добивката за 88 отсто

15.05.2024г

Банките во Словенија во првиот три месеци годинава оствариле добивка пред оданочување од 277,2 милиони евра, што е 82 отсто повеќе од истиот период лани, со потенцијал за продолжување на  значаен раст на приходите. Нето добивката се зголемила за 88 отсто на 241 милиони евра, се наведува во извештајот на Банката на Словенија.

Вредноста на кредитите за претпријатијата на годишно ниво се намалени за 3,4 отсто на ниво на 9,97 милијарди евра. Вредноста на кредитите за населението на годишно ниво порасна за 4,2 отсто на 12,70 милијарди евра. Продолжувањето на растот на кредитите за населението е резултат на зголемување на потрошувачките кредити во трите месеци кои достигнаа 108,2 милиони евра. Порастот на станбените кредити е со помал процент. На годишно ниво овие кредити се зголемиле за еден отсто. Висината на станбените кредит во првите три месеци годинава е поголема за 30,3 милиони евра, пренесе „Сеебиз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано