Општество

Во Германија има силна побарувачка за изнајмување станови

11.05.2024г

Кириите во Германија се зголемуваат, но паѓа цената на новите станови

Кириите во Германија продолжуваат да растат поради недостиг од станбен простор во услови кога високите трошоци за изградба и поскапите кредити ја намалија активноста на градежниот сектор, а со тоа се намали и цената на еден квадрат. Во првото тримесечие цените на недвижностите за живеење се намалени за 4,3 отсто во истиот период лани, објави , покажува извештајот на германското здружение на банки Фандбриф.

Истовремено, цените за изнајмување на станови се зголемија за 5,6 отсто. Прогнозите се дека трендот на растот на наемнините нема да ослабне во скоро време.

-       Пазарот за изнајмување на станови е под огромен притисок. Побарувачката многу повеќе ја надминува понудата, изјави извршниот директор Јенс Толкмит.

Трошоците за градба значително пораснале во претходните години поради високите каматни стапки на кредитите и повисоките трошоци за работната  сила и материјалите. Бројот на градежните дозволи е намален и се намали и побарувачката за нови станови. Цените најмногу паднале во Минхен за 5,3 отсто, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО