Општество

Учениците од дуално образование ќе добиваат државен месечен надомест

10.05.2024г.

Средношколците во Србија кои во учебната 2024/25 година ќе се запишат на наставата за дефицититарни занимања според дуалниот модел на образование ќе добијат по 5.000 динари месечно од државата, во период од девет месеци. Ова е содржано во Одлуката за поддршка на дуланото образование, што ја усвои Владата на Србија. Месечниот износ ќе им биде исплатуван преку сметка во Поштенската штедилница.

Учениците опфатени преку системот на дуално образование ќе добиваат и надомест од работодавачите , а износот ќе зависи од тоа колку време ќе поминат на практична работа во некоја компанија. За секој ден поминат на практична настава учениците ќе добиваат 70 отсто од минималната цена на трудот за еден работен час.

Подетални информации за спроведување на дуалното образование ќе бидат објавени во конкурсот што ќе биде објавен во јули годинава, пренесе „Дневник“. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано