Општество
Европа е изложена на 36 климатски ризици
19.04.2024г.
Европскиот континент се загрева двапати побрзо од просекот на сите континенти, а тоа ја загрозува енергетската и прехранбената безбедност, екосистемите, водените ресурси, финансиската стабилност и здравјето на луѓето, објави Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Во нивната прва струдија за процена на климатските ризици во Европа се идентификувани 36 ризици групирани во пет кластери: екосистеми, храна, здравје, инфраструктура, економија и финансии.
- Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици кои растат побргу од нашата општествена подготвеност, изјави Лина Ила Мононен, извршна директорка на ЕЕА.
Економските загуби од топлотните бранови и поплавите до крајот на векот можат да достигнат до илјада милијарди евра годишно. Во наредниот период потребно е итно делување заради намалување на осум ризици, кои опфаќаат зачувување на екосистемите, заштита на луѓето од жештини, заштита на луѓето и инфраструктура за заштита од поплави и шумски пожари и издвојување на средства во случаи на катастрофи, пренесува „Балкан грин енерџи њуз“.
Најзагрозени региони кои се изложени на климатски промени се наоѓаат во јужна Европа, но не се поштедени ни деловите на северна Европа, како што се неодамнешните поплави во Германија и шумските пожари во Шведска.
фото freepic