Општество

Хрватска добила 20 милијарди евра од Програмата за отпорност од Европската комисија

16.04.2024г

Европската комисија ја информираше Хрватска за исплатата на четвртата транша во износ од 162,5 милиони евра бесповратни средства, во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност. Со оваа уплата, како што изјави хрватскиот премиер, во буџетот на Хрватска се уплатени 20 милијарди евра од европските фондови, вклучително и средствата од Оперативната програма за Конкурентност и кохезија.

-       Како нова членка во Европската Унија хрватската држава примила 20 милијарди евра за бројни проекти и за развој, изјави Пленковиќ, на денешната седница на Владата.

Од Владата на Хрватска било упатено барање за исплата на петта рата во рамките на Националниот план за опоравување  и отпорност (НПОО), а станува забор за најголем поединечен износ од 822 милиони евра. За да се искористат овие средства требаа да се исполнат 37 реформи  и проекти.

Остварувањето на НПОО се финансира со бесповратни средства во износ од 5,8 милијарди евра и со заеми од 4,2 милијарди евра. Досега Хрватска од Европската комисија добила средства од предфинасирањето од 818 милиони евра, кои се исплатени во четири рати, пренесе „Лидер медиа“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО