Општество

Нова дигитална услуга - електронска платформа на Електродистрибуција

01.04.2024г.

Приклучете се на електродистрибутивната мрежа без посета на КЕЦ!

Од денес, Електродистрибуција воведува целосна дигитализација на процесот на приклучување на  електродистрибутивната мрежа. Сите корисници кои имаат потреба од нов или реконструиран приклучок отсега нема да имаат потреба да ги посетуваат приемните канцеларии и процесот на приклучување ќе се одвива комплетно онлајн на новата e-платформа на Електродистрибуција.

„Ова е огромен чекор во унапредувањето на услугите на компанијата. Нашите сеопфатни напори за воведување на дигитализацијата во клучните аспекти на нашата работа ќе им овозможат на корисниците поквалитетни и доверливи услуги“ изјави Matthias Scheibelreiter, менаџер на Електродистрибуција.

„Дизајнот на платформата е интуитивен и респонзивен со цел да им биде достапен на сите корисници без разлика на тоа каков уред поседуваат и нивното техничко познавање. Наша цел со напорите за дигитализација е да овозможиме услуги кои долгорочно ќе им пружат бенефити на сите корисници“ изјави Sasho Saltirovski, менаџер на Електродистрибуција.

Електродистрибуција продолжува со модернизација на услугите и дигитализацијата на процесите. На е-платформата во иднина очекуваме дополнително надградување на опсегот на услуги за корисниците.

Посетете ја е-платформата на: https://lnkd.in/dGVBVrRS

#електродистрибуција #дигитализација #евн #евнмакедонија

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано