Општество

Изложба на фотографии: ЖЕНИТЕ И СПОРТОТ

разговараше Лидија Георгиева, дизајнер, редовен професор

Економија и бизнис | печатено издание | октомври 2023г.

Во пресрет на ОИ Париз 2024, во Трговскиот центар „Ист гејт мол“ (просторот пред H&M)неодамна беше отворена изложба на фотографии наречена „Жените и спортот“.
Во организација на Амбасадата на Франција и на Францускиот институт, во партнерство со Амбасадата на Грција, Олимпискиот комитет на Северна Македонија и Трговскиот центар „Ист гејт мол“, изложбата е во чест на претстојните Олимписки игри во Париз 2024. Автор на фотографиите е Маја Аргакијева.
На помалку од една година од Олимписките и параолимписките игри во Париз 2024, првите игри на кои ќе биде адекватно застапена родовата еднаквост, односно еднаков број на машки и женски спортисти, изложбата има цел да им се приреди омаж на врвните спортистки од нашава земја.
Ова се жените кои, преку нивната инспиративна посветеност и достигнувања, се вектори на трите олимписки вредности: извонредност, почит и пријателство: Ана Цветановска − нордиско скијање, Анамарија Георгиевска − таеквондо, Арбреша Реџепи − џудо, Дрита Исљами Бафтири − атлетика 400 метри со пречки, Ива Пројковска − фудбалски судија од рангот ФИФА/УЕФА/ФФМ, Катерина Николоска − џудо, Милијана Рељиќ − таеквондо, Наташа Мешковска − пливање 200 метри пеперутка и Пулексенија Јованоска − карате.
Идеен автор на оваа иницијатива е Ирен Кетоф, аташе за соработка при Амбасадата на Франција во Скопје.


Фотографиите на следниот ЛИНК

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано