Финансии / Банкарство

Кустурица: И во 2024 година продолжуваме да инвестираме во младите − тие се нашата иднина

Што очекувате од 2024 година?

Санел Кустурица | Претседател на Управен Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

„Годинава што изминува за Шпаркасе Банка беше многу значајна, не само поради 15-годишниот јубилеј, туку и поради иновативните проекти кои ги реализиравме. Особено ме радува фактот што ги поддржавме младите, студентите со низа поволности и картички со кои се вклучија во финансискиот платежен систем. Активностите за поддршката на младите ни се клучна цел и во 2024 година. Наредната 2024 година ќе биде година на економско закрепнување и стабилизација на каматните стапки, иако само делумно. Сепак, постои консензус дека најсилниот финансиски и економски удар е веќе зад нас. Се разбира дека неизвесностите постојат и понатаму, но би сакал да потенцирам дека Шпаркасе Банка има исклучитено внимателен пристап при креирањето на ценовната политика на нашите кредитни и депозитни производи, а со цел заштита на финансиската благосостојба на нашите клиенти. Секогаш сме подготвени да одговориме на потребите на клиентите по поволни услови и да дадеме партнерска поддршка при евентуални неповолни текови во економијата. Како менаџмент сме горди на секој добиен нов клиент, на секој завршен проект кој ја води банката напред. Без професионалноста, посветеноста и грижата на нашите вработени, Шпаркасе Банка сигурно немаше да биде ваков сериозен играч во банкарскиот сектор каков што е сега. Вредностите кои ги негува нашата компанија и кои ќе бидат мотив за вработените и во 2024 година се: агилност, партнерство, извонредност, доверба и страст.“

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано