Финансии / Банкарство
Војновиќ: Нѐ очекуваат предизвици поради продолжените инфлаторни притисоци
Што очекувате од 2024 година?
Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје
„На 2024 година гледам со внимателен оптимизам имајќи предвид дека и оваа година, која е изборна, нѐ очекуваат предизвици поради продолжените инфлаторни притисоци, кои сериозно го нарушуваат стандардот на граѓаните, а имаат реперкусии и врз резултатите на деловната заедница во земјава. Во Триглав Осигурување и оваа година ќе продолжиме посветено да работиме на адекватно прилагодување на пазарните услови со цел да ја осигуриме безбедноста на нашите клиенти и на исполнување на стратешките цели, да го зголемиме обемот на работа и уште повеќе да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот.“