Финансии / Банкарство
Војновиќ: Искрено се надевам дека идната година осигурителната индустрија и воопшто економијата ќе функционираат во попогодни услови
Што очекувате од 2023 година?
Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје
Во 2023 година, пред сѐ, посакувам помирна геополитичка состојба и крај на воените конфликти кои имаат сериозно влијание на сите деловни, социјални и општествени аспекти во светски размери. Очекувам дека монетарната и фискалната политика ќе се движат во насока која ќе даде плод и ќе ја зауздаат галопирачката инфлација која сериозно ги нарушува стандардот и начинот на живот на граѓаните, а секако има реперкусии и врз резултатите и начинот на работа на деловната заедница во земјава. На 2023 година гледам со претпазливост, но и оптимизам и искрено се надевам дека идната година осигурителната индустрија и воопшто економијата ќе функционираат во попогодни услови, што ќе придонесе бизнисите да бележат дури и поголем раст од предвидениот.
Им посакувам на сите убави празници и година полна со иницијативи, нови идеи и возбудливи успеси.