Финансии / Банкарство

Попоски: 2023 година ќе ја одбележи и првата консолидација преку спојување на компании кои припаѓаат на ист акционер

Што очекувате од 2023 година?

Климе Попоски, претседател на УО и генерален директор на Винер осигурување

Осигурителниот сектор ќе има сериозни предизвици во 2023 година, и тоа во двата сегмента на неживотно и животно осигурување. Економската непредвидливост, инфлацијата и даночните измени во делот на укинување на стимулацијата од признаени расходи во даночните биланси ќе имаат директен ефект, пред сè, во побарувачката на доброволно приватно здравствено и животно осигурување. Во услови на регулирани цени на осигурување од автоодговорност и кои цени се непроменети од 2008 година ќе има силен притисок на профатибилноста поради инфлаторен притисок и сè поизразена т.н. социјална инфлација.
Позитивни очекувања има во однос на приносите од вложувања на друштвата за осигурувања како резултат на поатрактивните каматни стапки на традиционалните инструменти на инвестирање во државни хартии од вредност, банкарски депозити и парични фондови. Најавеното формирање на земјоделски осигурителен пул ќе има голем потенцијал за развој на земјоделското осигурување. 2023 година ќе ја одбележи и првата консолидација преку спојување на компании кои припаѓаат на ист акционер.

ПРЕПОРАЧАНО