Бизнис

ВО ОКТОМВРИ СЕ ОДОБРЕНИ ГРАДБИ НА 1177 СТАНОВИ, најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион

Бројот на одобренијата за градење во октомври 2025 година е зголемен за 22,9 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во октомври 2025 година се издадени 446  одобренија за градење, што е за  22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува           10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе  во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница Букојчани Кичево прва фаза, подделница Црвивци-Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199     (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 177  станови со вкупна корисна површина од 101 286 м2. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион 409 со вкупна површина од 29576 квадратни метри.

Главни поенти

Во октомври 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 289, се издадени за високоградба 
  • Во Југоисточниот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 139 
  • За изградба се предвидени 1 177 станови
    Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано