Финансии / Банкарство
Григорјан: Иновациите се дел од сите проекти што ги работиме
Што очекувате од 2023 година?
Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во РСМ
2023 година ќе биде под влијание на неколку клучни процеси. На политички план, скрининг процесот за пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ треба да заврши следнава година. За ова ќе бидат потребни напори од повеќе сектори во Владата. Во економијата, кризата во Украина и енергетската криза негативно влијаат врз економската ситуација во земјава со прогноза за раст од 3,6 проценти. Фокусот ќе биде на намалување на инфлацијата од 8,8 проценти на 3 проценти. На општествен план, еден датум е приоритет за УНДП. Следнава година навршуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Тогаш видовме огромна солидарност во обновата на градот од целиот свет и УНДП сака да го промовира ова чувство на солидарност и во 2023 година. На програмски план, фокусот на УНДП во Северна Македонија ќе биде врз три главни столба: општествен, дигитализација, заштита на животна средина. Иновациите се дел од сите проекти што ги работиме. Ја користам оваа прилика во име на целиот тим на УНДП да ги пренесам нашите најубави желби за празниците и посакуваме мирна и просперитетна 2023 година!