Финансии / Банкарство

Грегановиќ: И во 2023 година ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните, на домашната економија и воопшто на општеството

Што очекувате од 2023 година?

Бранко Грегановиќ, претседател на УО на НЛБ Банка

Изминатава 2022 година ни покажа колку силно влијание имаа претходните две ковид години врз функционирањето на бизнисот, барајќи од нас големите предизвици да ги претвориме во решенија за иднината. Сето ова остави значајни промени во однос на навиките кај граѓаните кои во голема мера мигрираа во дигиталниот свет, но почувствувавме и значајни промени во развојот и начинот на функционирање на бизнисите.
Како системски значајна банка, и во 2023 година ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните, на домашната економија и воопшто на општеството. Во нашиот фокус е одговорното дејствување во насока на одржливиот развој, а во однос на нашите производи продолжуваме со засилена имплементација на иновативни и дигитални финансиски решенија кои ќе бидат насочени кон поддршка на клиентите да го најдат својот пат во дигиталниот свет.
Во 2023 година, Северна Македонија очекувам да биде постабилна на макроекономски план со намалување на нивото на инфлација и зголемен раст на економијата. Преземените мерки во 2022 година за намалување на инфлацијата, како и мерките за справување со енергетските и ценовните шокови даваат добра основа за позитивни очекувања. Секако, кон тоа придонесуваат и активностите за подготовка на преговарачките позиции на земјава во преговорите за пристапување кон Европската Унија, сè со цел да се креира позитивен амбиент за бизнисот и да се создадат услови за зголемени инвестиции на домашните компании.

ПРЕПОРАЧАНО