Општество

Најнови трендови во исхраната

Лидија Георгиева | авторот е дизајнер, редовен професор

Економија и бизнис | печатено издание | септември 2022г.

УСОВРШУВАЊЕТО И НАПРЕДУВАЊЕТО НА ГАСТРОНОМИЈАТА БАРА МОДЕРНИЗИРАЊЕ

Кујни духови, виртуелни ресторани, одржлива исхрана...

Во описот на моите работни задачи како дизајнер влегува и постојаното следење на тенденции, но не само во модата туку и пошироко − дизајнот, архитектурата, културата, па донекаде и политиката и економијата. Спојувајќи го задоволството со работата, мојот сладок момент е да ги следам тенденциите во светот на гастрономијата каде што во последнава деценија се разви една специфична естетика, понекогаш и на ниво близу до уметноста. Па кој би можел да одолее на опојната привлечност на убаво подготвената храна, презентирана во наменски дизајнирани чинии? Додека пишував и истражував за овој текст, беше предизвик да си ја задржам вообичаената телесна тежина, а не е чудо што во недостаток на реални егзотични патувања кои беа поретки изминатиов период, омилени ни беа кулинарските телевизиски канали и онлајн платформи.
Генерално, дизајнерите уживаат во креативно готвење, а скромно ќе додадам дека и јас тука се вбројувам, откривањето на нови вкусови ми причинува големо задоволство. Идејата за патување и истражување на други култури преку исхраната ми е омилен начин на опуштање исполнето со содржина, па неретко и се инспирирам од тие рецепти.
Годинава сме сведоци на нови трендови во сите сектори, а прехранбената индустрија не е исклучок. Па како би изгледале тенденциите за периодов кој следува?
Да се опуштиме и да се препуштиме на уживањето.

Сите фотографии во продолжение се од ресторанот ДУКАТ

ПРЕПОРАЧАНО