Финансии / Банкарство

Македонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International

29.12.2022г.

Единствениот македонски процесор КАСИС АД Скопје сертифициран од страна на меѓународните мрежи Mastercard/Visa/Diners International ја заoкружи 2022 година со одобрена апликација од најголемата кинеска картична шема UNION PAY International или т.н China UnionPay која има над 7 милијарди издадени платежни картички.

„Оваа одобрена апликација со која КаСис може да оперира како систем оператор за поддршка на acquiring и E-commerce сервиси е потврда дека вложениот труд, работата и посветеноста во областа што се работи секогаш дава резултат. Процесот на одобрување на апликацијата помина низ неколку фази со цел да се утврди квалитетот, континуираноста и сигурноста на системите. Ова за нашите банки клиенти ќе овозможи понуда на нови сервиси и од оваа платежна картична шема и проширување на нивното портфолио кон нивните крајни клиенти“- велат од КаСис.

За време на своите 2 децении КаСис е партнер на единаесет банки и три финансиски друштва, од кои девет банки и две финансиски друштва се од Република Северна Македонија, една банка од Република Бугарија, една од Република Албанија и едно финансиско друштво од Република Албанија. Со 2.000.000 издадени платежни картички, 2.500.000 процесирани трансакции месечно, 24/7 сервисна поддршка и cPay – системот за електронска трговија со процесирани над 300.000 трансакции месечно во преку 1200 електронски продавници и со над 35.000 регистрирани корисници Интернационален Картичен Систем и во годините што следат ќе понуди професионални, континуирани услуги но и многу нови сервиси насочени кон своите клиенти во сегменти на дигитализација на сервисите што ќе придонесуват за зголемување на вработеноста, развојот на земјата и нивото на конкуренција.

ПРЕПОРАЧАНО