Финансии / Банкарство
Анализа: Кумулативна анализа на финансиски лизинг
02.12.2022г.
За лизингот како посебна категорија многу малку се зборува во нашето опкружување. Тоа од една страна е можеби поради недостигот на конкуренција, или од друга страна недоволната палета на производи на лизинг компаниите. Иако потенцијалот за раст на овој производ е доста голем со оглед на предностите и спецификите кои ги носи, како за физичките лица, а уште повеќе и за компаниите. Тука пред се може да зборуваме за поголема флексибилност во отплатите, почеста замена на средствата, помалку грижи за корисниците, одредени даночни олеснувања и сл. Кога финанискиот лизинг завзема се поголем степен на раст, ќе се обидеме на направиме нализа на целокупниот бизнис сегмент и да ги изнесеме клучните елементи од билансите преку вторите квартали од последните 5 години.
Извор: Министерство за финансии. Единица: милиони денари
- 1. Во анализираниот период вкупните средства се во континуиран пораст и во рок од 5 години истите се зголемиле за 3.168 милиони МКД. Притоа најголем пораст помеѓу вторите квартали имало во 2019 година со евидентирани 28%.
- 2. Од аспект на побарувањата на друштвата даватели на финансиски лизинг може да се забележи дека главниот двигател е приватниот сектор, но исто така своја улога имаат централната влада, локалната самоуправа и јавните финансиски институции. Државните институции во изминатиот период учествувале во просек со околу 25%, иако внатре структурата се менувала. Интересно е тоа што во последниот квартал значително се зголемени побарувањата од централната влада, односно истите се дуплирани во споредба со просекот од изминатиот период. Кај локалната самоуправа пак постои надолен тренд на изложеност кон лизинг компаниите.
- 3. Побарувања од приватниот сектор се во линија со порастот на вкупните средства, а нивната валутна структура е она што може да биде интересно, особено поради тоа што е дијаметрално спротивна од тенденцијата за поставеност на валутната структура на останатите кредитни институции. Од табелата може да се забележи дека од 2018 година наваму, во континуитет се намалува процентот на кредити деноминирани во странска валута. Во К2 2018 година тој изнесувал 43%, додека оваа година со К2 нивото е под 36%, што значи дека за 5 години бележиме пад од 7п.п.
- 4. Од друга страна кога ќе ги анализираме обврските на друштвата кои нудат финансиски лизинг забележително е дека главниот товар отпаѓа на девизните обврски. Оваа категорија, за разлика од побарувањата, бележи пораст на изложеноста. Така, во К2 2022 година истата зафаќа пропорција од 73%.
- 5. Кај капиталните сметки за одбележување е движењето на 2 поединечни ставки. Тоа се задржаната добивка и добивката од тековната година. Тука можеме да забележиме дека задржаната добивка во континуитет има негативно салдо кое само во последниот период е под нивото од 700 милиони МКД, а од аспект на тековните добивки трендот на пораст е нарушен во 2022 година кога од ниво 264 милиони МКД паднало на 185 милиони МКД.
(Редакција Е&Б)