Општество
Васоска: Кои се продобивките од второ државјанство?
Мери Васоска
Адвокат
Да се има второ државјанство има неколку предности, меѓу кои пристапот до побезбедна и попросперитетна економија, подобар пристап до бизнис-можности и глобалните пазари, светска класа на здравствена заштита, образовни можности за оваа и следните генерации. Не би требало никој од нас да биде дефиниран и ограничен со неговата националност од раѓање. Инвестирањето во различна работна виза или државјанство во светот носи краткорочна вредност и истовремено долгорочни придобивки и приноси. Колку повеќе пристапи имате, толку повеќе вашиот имот и профит се помалку подложни на регионалната и глобалната нестабилност. Во динамичниот и непредвидлив свет, богатите индивидуи имаат потреба од план Б за нив и за нивните фамилии − таков кој им обезбедува побезбедно место за живеење во време на кризи и кој им овозможува подобри пристапи до глобалниот бизнис, како и подобар животен стил.
ШТО ЗНАЧИ ДРЖАВЈАНСТВО ПО ОСНОВ НА ДИРЕКТНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА?
Државјанство по основ на директна странска инвестиција е посебна категорија од имиграциското право и го има во неколку држави во светот. Странските инвеститори и нивните семејства на легален начин стекнуваат државјанство преку инвестиција во економијата на државата. Бенефитот на стекнувањето на државјанство на овој начин е што тоа се добива во многу пократок временски рок споредено со регуларните државјанства.
ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ВТОРО ДРЖАВЈАНСТВО И ПАСОШ ИЛИ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН ПРЕСТОЈ?
Секоја држава има специфични барања кои мора да ги исполнува апликантот. Некои од основните се апликантот да биде над 18 години, да не е осудуван и да не се води постапка против него, легален извор на средствата за инвестирање во една од владините предвидени опции. Во Република Северна Македонија државјанство по основ инвестиција или од економски интерес за државата може да добие странец кој инвестирал капитал во износ од најмалку 400 000 евра по лице како директна инвестиција во нови капацитети, со исклучок на угостителски објекти за исхрана и трговски капацитети, со најмалку десет вработени лица на неопределено време во период од најмалку една година или, пак, инвестирал капитал во износ од најмалку 200 000 евра по лице во период од најмалку две години во приватeн инвестициски фонд кој треба да исполнува одредени законски услови...
Резиденцијалниот престој може да се добие како самовработен сопственик и управител на правно лице основано во РСМ или пак со инвестирање во имот чија вредност е над 40 000 евра по лице...
Нашиот тим може да се истакне со 100% позитивна стапка на успешно завршени постапки во делот на имиграциското право, односно во регулирањето на престој на многу семејства и поединци од странство по сите законски основи, како и стекнување на државјанство на Република Северна Македонија не само по основот на директна странска инвестиција туку и по сите со закон постоечки основи. Ваквото екстензивно искуство и ваквата експертиза е доказ дека Адвокатската канцеларија MeriVasoskaLaw може да се смета за пионер и лидер во инвестициско-миграциската индустрија во нашава земја.
(Економија и бизнис, пачатено издание, јуни 2022г)