Општество

Промени во општеството благодарение на ИТ технологија: дигитализација и КОВИД – 19

24.05.2022г.

ИТ технологијата и дигитализацијата ја револуционизираа комуникацијата и социјализацијата меѓу луѓето и целосно го променија светот во последните децении. Промоцијата, практикувањето и примената на ИТ технологијата имаат големо влијае врз силниот развој во сите општествени сфери. Не постои сегмент од општеството кој не го планира и базира својот развој на ИТ и дигитализацијата. Појавата и развојот на ИТ технологијата ја променија и целосно ја олеснија работата во сите сегменти на нашето постоење, без оглед дали станува збор за работа или други обврски. Особено во последните две години кога пандемијата го нападна светот, се случија драстични промени во комуникацијата на глобално ниво. Луѓето сфатија дека дигиталните алатки во различни форми овозможија целосно и секојдневно комуницирање без никаков проблем.

„Разбирливо е дека повеќето од нас се принудени да останат изолирани дома со недели, се чувствуваме загрижени, тажни или вознемирени. Сепак, повеќето ја имаат привилегијата на пристап до технологијата и нејзините различни благослови: нашите партнери, колеги и пријатели не се толку далеку колку што изгледаат, туку се на дофат телефонски или преку видео повик. Човечки е да се чувствуваме будни затоа што, дури и надвор од рационалните аргументи, нашиот инстинкт за преживување не предупредува дека мора да бидеме подготвени да ја предвидиме секоја можна опасност. На крајот, така опстојувавме со векови. Освен тоа, смирувачко е да се запамети дека станавме доминантен вид на планетата поради нашата супериорна способност да комуницираме, да се организираме, да покажуваме солидарност пред неволјите и пред сè, брзо да се прилагодуваме“, вели Адриан Блидарус, основач на ИТ компанијата Softelligence.

Во услови на светската пандемија, многу компании низ светот докажаа дека работното место може да се замени и со „домашна канцеларија“. Иако на почетокот за многумина беше тешко да се прилагодат, подоцна сфатија дека работата од дома и не е толку лоша опција, иако понекогаш недостасува непосредна комуникација. Голем број анализи докажуваат дека постои позитивен ефект од пандемијата - мнозинство компании ја задржаа можноста за дигитално работење. Работата се завршува многу побрзо и сфаќаме дека работното време не мора да биде 8 часа, туку се’ се сведува на тоа колку сме подготвени да ја завршиме работата на време. Ковид 19 навистина може да придонесе долгорочно да се промени начинот на кој ќе работиме. И дигиталното работење да биде „новото нормално“.

„За технолошка компанија, како што сме ние во Softelligence, дигиталните алатки отсекогаш биле при рака. Сепак, овој момент е тест за нас како што е за сите. Се обидуваме да живееме со неизвесноста на утрешните дијагнози со длабок оптимизам, а во исто време дозволувајќи да се предадеме на песимизмот, контролирано и пресметано, подготвувајќи се за најлошото, но надевајќи се на најдоброто. Така обезбедуваме континуитет на бизнисот, со свесна, постојана и обновена позитивност. Уверени сме дека сите ќе излеземе посилни од оваа ситуација, а нашата способност за креативно прилагодување е исто толку важна како и управувањето со ризик“, додава Блидарус.

Дигитализацијата доведе до нормално функционирање на работата на различни проекти, на различни континенти. Луѓето ја прифаќаат технологијата за да ги подобрат деловните резултати и правејќи го тоа, помагаат да се развива технологијата. Јазикот повеќе не претставува бариера помеѓу народите во светот. „На тој начин, светската глобализацијата станува се побрза и повидлива“, објаснува Блидарус.

И покрај тоа што за многу земји ограничувањата исчезнаа, пандемијата сè уште постои. Некои луѓе ќе продолжат да работат од дома, други со задоволство повторно ќе се социјализираат. Технологиите кои најмногу се користеа во дигиталните трансформации во 2021 година беа автоматизацијата и аналитиката - и тоа е тренд што ќе продолжи дури и ако се соочиме или не се соочиме со повторни рестрикции.

ПРЕПОРАЧАНО