Финансии / Банкарство

Цените на кои акции најмногу се зголемија и намалија на Македонската берза минатата недела?

Кирко Бошкоски

авторот е економист | 09.05.2022г.

Неделен извештај за периодот 03.05.2022 до 06.05.2022г.


Според вредноста на остварениот промет, минатата недела, во периодот од 04.04.2022 до 08.04.2022 година, на Македонската берза на хартии од вредност најтргувани беа акциите на Алкалоид Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 81,7 милиони денари или околу 1,32 милиони евра (57,6 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со вкупен промет од 21,8 милиони денари или околу 355,3 илјади евра (15.4 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Комерцијална банка Скопје со 15,9 милиони денари или околу 259,4 илјади евра (11,2 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Макпетрол Скопје со 9,1 милиони денари или околу 148,5 илјади евра и акциите на Реплек Скопје со промет од 5,4 милиони денари или околу 88 илјади евра.

 

Во истиот период беше остварен вкупен промет (на официјален + редовен) од 141,5 милиони денари или околу 2,3 милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 422 трансакции од кои 381 беа на официјалниот пазар, а 41 трансакции беа остварени на редовниот пазар.

Најголеми добитници изминатата недела се имателите на акции на Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје. Цената на нивните акции се зголеми за 3,15 %, 0.73 % и 0.44 %, соодветно.

Најголемо намалување на вредноста минатата недела имале акциите на Макстил Скопје од 6,25 % и Македонски Телеком Скопје од 5,41 %.

  

Според количината на истргувани акции, најтргувани акции минатата недела на официјалниот пазар беа акциите на Алкалоид со 4 563 акции, Стопанска банка Скопје со 1 768 и Македонски Телеком Скопје со вкупно 1 349 истргувани акции.

ПРЕПОРАЧАНО