Општество

Георгиева: Ефектот на пеперутка

Што очекувате од 2022 година?

Лидија Георгиева, дизајнер, редовен професор

Роберт Редфорд во филмот Хавана вели „Пеперутката може да замавне со крилјата над цвет во Кина и да предизвика ураган на Караибите “.
Иако за концептот на ефектот на пеперутка долго се дебатира, идентификувањето му се припишува на Едвард Лоренц. Математичар и метеоролог, тој ги опишал своите истражувачки наоди поврзани со теоријата на хаосот и предвидувањето на времето, истакнувајќи дека мала промена во околностите може да предизвика голема промена во крајниот резултат.
Повеќекратно користена во литературата и филмската индустрија, идејата е дека малите, небитни настани имаат бранувачки ефект, кој предизвикува појава на поголеми настани.
Поврзаноста на нашите постапки влијае врз здравјето и квалитетот на животот на заедницата, а според мене тоа е врвот на софистицираноста - во одговорноста која со своите постапки ја чувствуваме и кон другите, не само кон себе.
“Ефект на пеперутка “ е серија отпечатоци, кои ги имам работено во неколку варијанти. Фустанот кој го одбрав за оваа прилика е отпечатен со крило од пеперутка видено под микроскоп. Секоја точка е рачно цртана, потоа цртежот е испреплетен во ленти, па скениран и печатен. Позицијата на секоја точка влијае врз позицијата на соседната, а тие заедно ја создаваат комплетната состојба. Дизајнот излегува од својата категоријата, може да се гледа и како графика, да се закачи на ѕид. Кога би се обиделе сите да излеземе од категоријата на сопствен еготрип и да се однесуваме одговорно...

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано