Општество

Тилев: Очекувам да инвестираме во младите, да им дадеме шанса да научат да ја сакаат својата земја и да се чувствуваат убаво во неа

Што очекувате од 2022 година?

Драган Тилев, државен советник за европски прашања

Очекувам во 2022 година да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Верувам дека новата влада во Бугарија ќе ни подаде рака за заедно да изградиме мост на доверба и партнерство. На крајот, дури и да не се согласиме во сè, верувам дека сме доволно зрели да ги прифатиме разликите и да живееме со нив. Немаме време за губење. Глобалните движења се крајно неповолни, а ниту ЕУ е имуна на геополитичките триења. Регионалната нестабилност гласно предупредува. Затоа мојата најголема желба е следната година, пред сè, да бидат зачувани стабилноста и мирот. Тие се непроценливо драгоцени. Дома очекувам пристапните преговори со консензус да добијат тежина на државен проект, со фокус кон расчистување со корупцијата, професионализација на администрацијата и креирање простор за ослободување на позитивна бизнис-енергија. Очекувам да инвестираме во младите, да им дадеме шанса да научат да ја сакаат својата земја и да се чувствуваат убаво во неа. 

ПРЕПОРАЧАНО