Општество

Георгиев: Моите очекувања за 2022 година се скромни за и изневерените очекувања да бидат помалку болни

Што очекувате од 2022 година?

Гордан Георгиев, политиколог

Постојат очекувања и посакувања. Моите очекувања за 2022 година се скромни за и изневерените очекувања да бидат помалку болни. Очекувам да научиме да живееме со пандемијата, како што човештвото учело и се адаптирало на многу други несреќи низ историјата. Очекувам исто така блага нормализација на тензиите во политичката сфера во државата, со старо-нова влада која постојано ќе треба да се докажува дека има легитимитет за владеење. Од друга страна, посакувам спорот со Бугарија да не го гледаме како нешто што фатално ја одредува нашата судбина бидејќи нашата судбина не смее постојано да биде поврзувана со надворешни фактори, туку пред сè со самите себе. Посакувам далечниот сон за ЕУ (во моментов недофатлив и лажно прикажуван како врапче во рака) да прерасне во сон за подобро „овде“, со наши сили и со наше знаење. Посакувам да ги извадиме сите довчерашни алибија од нашите џебови и конечно да почнеме да работиме за подобра сегашност и иднина, тука и сега, со свои сили, сами на своето.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано