Финансии / Банкарство

Ефтимоски: Банките ќе останат фокусирани на клиентите и на нивните идни очекувања и потреби, особено во сферата на дигиталната трансформација

Што очекувате од 2022 година?

Владимир Ефтимоски, претседател на УО на Стопанска банка АД Битола

Мали се шансите во 2022 година да се вратиме во нормалниот начин на живеење и на работење. Дури и да личи реалноста како ’враќање назад‘, сериозни предизвици ќе останат пред граѓаните, компаниите и државата. Економијата во земјава, како и на глобално ниво, останува изложена на ударите на пандемијата бидејќи вакцинацијата слабо напредува и вирусот постојано мутира.
Сериозни предизвици и закани за реалниот сектор се понудата на глобално ниво, стабилноста на цените, недостигот на работна сила. Затоа останува потребата од натамошни успешни прилагодувања.
Банкарскиот сектор во земјава во целиот период на пандемијата остана стабилен, добро капитализиран и успешно се носи со сите предизвици на здравствено-економската криза. Покрај грижата за здравјето на вработените и на клиентите, банките најголем дел од работењето го посветија на задоволување на потребите на клиентите и на технологиите и стратегиите за дигитализација. Банките ќе останат фокусирани на клиентите и на нивните идни очекувања и потреби, особено во сферата на дигиталната трансформација.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано