Финансии / Банкарство

Стојановски: И во наредната 2022 година треба да се очекува да продолжи кредитната поддршка на економијата од страна на банките

Што очекувате од 2022 година?

Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на Стопанска банка АД - Скопје

Ковид пандемијата, сенката на инфлациските притисоци, како и енергетската криза која ја потресува Европа, остануваат високо на агендата на прашањата кои ќе ги пренесеме во наредната 2022 година со сите предизвици кои ги носат со себе. Неизвесностите кои произлегуваат од ваквата околина, а посебно од пандемијата која продолжува и понатаму, наметнуваат претпазливост во однос на предвидувањата за 2022 година. Сепак, тоа што го очекувавме за 2021 година треба да веруваме дека може да се оствари во следната година, односно да дојде до постепена нормализација на севкупното живеење преку смирување на здравствената криза. Закрепнувањето на економијата, како на глобално ниво, така и кај нас е во тек и доколку не дојде до нови неочекувани пресврти со  пандемијата, ваквиот тренд треба да продолжи и во текот на 2022 година. Во ваква околина останува и понатаму предизвикот кај бизнисите за перманентно преиспитување на бизнис-моделите, стратегиите и плановите за работа, како и потребата за динамични и исклучително внимателни одлуки. Како и во претходниот период на ковид кризата, така и во наредната 2022 година треба да се очекува да продолжи кредитната поддршка на економијата од страна на банките поткрепена со соодветен раст на депозитната база и со  перформанси кои обезбедуваат стабилни текови во однос на сите функции кои ги извршуваат банките во економијата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано