Интервјуа

Миловановиќ: Во Блинкинг (Blinking) сакаме да бидеме синоним за квалитет во областа на дигиталниот идентитет

Милош Миловановиќ

коосновач и главен оперативен директор на Блинкинг (Blinking)

Како дојдовте до идеја да ја основате компанијата Блинкинг? Со што се занимава Блинкинг и како се одлучивте за овој бизнис?

М. Миловановиќ: Идејата за тоа Мирослав Миновиќ и јас да ја основаме Блинкинг (Blinking) се роди од самата потреба да се промени и да се подобри постоечката состојба на пазарот. Како корисници се прашувавме кога ќе дојде време да ги снема редиците пред филијалите и кога навистина ќе ги завршуваме работите со еден клик, без да одиме во филијалите, целосно онлајн.
Сакам да нагласам дека ја стартувавме Блинкинг на крајот на 2017 година, многу пред пандемијата, која го забрза и до некаде го услови ваквиот начин на работа.
Како двајца универзитетски професори и истражувачи во областа на дигиталниот идентитет, сакавме да продолжиме да ја развиваме биометријата и да му овозможиме на општеството да го направи овој важен чекор кон онлајн бизнисот и многуте придобивки што ги носи тој и за компаниите и за поединците. Единствената алка што недостасуваше беше како да се потврди нечиј идентитет во онлајн светот на безбеден, брз и за корисниците пријатен начин. Собравме експертски тим и почнавме да развиваме софтверско решение кое за само неколку минути го проверува и го потврдува идентитетот на корисникот кој потоа може да пристапи до услугата или производот целосно онлајн, без да оди во филијали, без да троши време и пари, што би било неопходно со стариот офлајн бизнис-модел.
Размислувавме практично, другите коцки сами се склопија во текот на развојот на компанијата.

Каде се наоѓа Блинкинг во екосистемот на компании за идентификација на пазарот во Западен Балкан?

М. Миловановиќ: Блинкинг е лидер на овој пазар и секојдневно освојува сè поголем простор и воспоставува нови односи со многу задоволни клиенти. Се разбира, тоа не беше случај од самиот почеток. На патот кон сегашниот, ако смеам да го наречам успех, имаше многу предизвици кои, пред сè, ни укажаа дека мора да бидеме истрајни, да го задржиме курсот што го поставивме и секогаш да целиме за нијанса повеќе од потребното за да направиме одлично софтверско решение. Успехот на пазарот дојде како признание дека она што го работиме има употребна вредност, а наградите што ги освоивме се признание за целиот наш тим за посветеноста на работата, од почетокот до сега. Блинкинг моментално работи на глобално ниво, со клиенти во Канада, во Швајцарија, во Обединетото Кралство, но со силен фокус на нашиот регион каде што сме присутни во: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Нашиот план е да станеме важен играч на европскиот пазар преку водечка позиција во регионот. Благодарение на проширувањето на обемот на работа, нашиот тим постојано расте, а нашата желба како основачи е на новите млади колеги да им ги пренесеме знаењата и вредностите со кои ние ја започнавме експанзијата.

 

Кои се предностите од работењето со Блинкинг? Во кои сè сектори се користи вашата технологија?

М. Миловановиќ: Можеби е неблагодарно јас да зборувам за предностите од работењето со нас, за тоа би можеле подобро да посведочат нашите клиенти и деловни партнери, но можам да елаборирам за придобивките од нашето софтверско решение и како тоа го подобрува пазарот на далечински услуги. Ние го трансформираме начинот на кој се валидира идентитетот и во само неколку лесни чекори го потврдуваме идентитетот на секој корисник со неговиот биометриски документ, лична карта или пасош, а потоа го верификуваме со селфи. Кога процесот ќе заврши, корисникот има потврден дигитален идентитет. Корисниците на нашето решение не мора да имаат техничко предзнаење, доволно е да имаат пристап до интернет, мобилен телефон или лаптоп. Од друга страна, им овозможуваме на компаниите да ги постигнат своите деловни резултати преку брзо стекнување на нови клиенти, подобрување на услугата за постоечките и ослободување на внатрешни ресурси за извршување на нови функции. Не мора да нагласам дека целиот процес завршува без хартија, дека сите документи може да се потпишат онлајн и дека чекорите во процесот, по потврдувањето на автентичноста, се дизајнирани во согласност со индивидуалните потреби на секоја организација по принципот „клуч на рака“. Ќе наведам само некои од дополнителните предности на нашата методологија, покрај тоа што имаме технички напредно решение во споредба со глобалната конкуренција, нашиот процес на интеграција е многу брз и во зависност од сложеноста на дизајнот што го одредуваме со клиентот системот може да биде во продукција за само неколку месеци. За само неколку месеци, секоја компанија може да го скрати процесот на стекнување клиенти за 80 %, да ги намали интерните трошоци за 60 %. Со автоматизирање на процесот со имплементација на нашата платформа Blinking Identify овозможувате зголемување на базата на клиенти истовремено намалувајќи ги трошоците и оптимизирајќи го работењето. Покрај дигитализирањето на каталозите на производи и префрлувањето на онлајн опкружување, постои и задолжителна проверка на KYC која ги исклучува потенцијалните лажни клиенти и на тој начин го штити работењето на компанијата.
На пример, во телекомуникацискиот сектор, ние им помагаме на нашите клиенти да им ги нудат услугите на своите корисници целосно онлајн. Овие услуги може да бидат преземање услуга за мобилен телефон и активирање на eSim-картичка, користење на услуга на интернет или кабелска телевизија со потпишување договор или на пример земање постпејд SIM-картичка во киоск.
Во банкарскиот и финансискиот сектор, на нашите клиенти им овозможуваме да ја преместат комплетната понуда од шалтер во онлајн доменот (отворање сметка, земање кредит или кредитна картичка, рефинансирање заеми и многу други услуги).
Во секторот игри на среќа и спортско обложување им помагаме на нашите клиенти да работат одговорно, да ги запознаат нивните клиенти и да спречат малолетничко коцкање и зависност кај нивните корисници.
Во хотелската индустрија им даваме предност на клиентите кои се пријавуваат во хотелот преку нашата услуга, а клуч картичката ги чека на рецепција или во специјално дизајнирано сандаче што се отвора преку QR-код. Со тоа се избегнува чекање и задолжителна идентификација на рецепција, а во зависност од хотелот користат и разни други поволности.
Како што можете да видите можностите за подобрување на сите видови бизниси се неизмерни, само треба да ги иницирате со помош на нашата платформа Blinking Identify.


Мирослав Миновиќ, коосновач на Блинкинг (Blinking)

Зошто инвестирате во иновации? Каква е примената на новиот производ што ќе го пласирате на европскиот пазар?

М. Миловановиќ: Ние сме ориентирани кон иновации за што сведочат бројните награди, како и патентот потврден од Канцеларијата за патенти на САД (USPTO) за технологија која е практично пионерска. Нашата цел е да развиеме нови линии на производи кои би им го олесниле работењето на компаниите, би го намалиле уделот на мануелната работа и би им овозможиле да се фокусираат на обезбедување подобра услуга за своите клиенти. Работењето на компаниите неминовно се трансформира под влијание на клиентите кои се главниот двигател на приходите и на растот. Блинкинг, преку дигитална трансформација, им помага на компаниите на кои им е неопходна пенетрација на онлајн услугите да го прошират своето поле на активност и да добијат полесен пристап до помладата популација навикната на онлајн опкружувањето, но и до бизнисмените за кои брзината на услугата е еден од клучните параметри во донесувањето одлуки. Соработуваме со различни сектори од банкарство, телекомуникации, хотели, осигурување до брокерски куќи кои треба на проверен и брз начин да ги воведат своите клиенти и да им овозможат полесен пристап до онлајн услугите. Дигиталните идентитети и начинот на кој ги обезбедуваме ќе бидат клучна иновација на деценијата поради што ние во Блинкинг развиваме импресивна листа на незаменливи решенија во однос на постоечката конкуренција. Контактирајте нè за демо сесија на sales@blinking.id.


(Економија и бизнис, печатено издание,
декември 2021/јануари 2022г)

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано