Повеќе од десетици илјади луѓе протестираа денес во Мадрид во одбрана на јавниот пензиски систем и против обидите за негова приватизација, барајќи мерки за зачувување на куповната моќ на пензионерите и зајакнување на нивната социјална заштита.
На протестот присуствуваа околу 50.000 луѓе, според проценките на организаторите, или 25.000 според податоците на владината делегација, пренесува RTVE.
Протестот беше организиран од Државната координација за одбрана на јавниот пензиски систем (COESPE), а учесниците маршираа од железничката станица Аточа до улицата Алкала.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораките „Гарантирани пензии“ и „Да ги заштитиме пензиите“.
Националната портпаролка на организацијата COESPE, Франсиска Лопес, која ја водеше колоната, побара пензиите да се прилагодат на реалниот индекс на потрошувачки цени (IPC), со цел да се зачува куповната моќ на пензионерите.
Пензискиот систем, објаснуваат медиумите, е една од важните теми во Шпанија пред изборите на крајот од следниот месец, заедно со куповната моќ на граѓаните и кризата со домувањето.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја обвини десничарската опозиција дека бара делумна приватизација на пензискиот систем, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис







