Општество

Панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“ - пет ЕУ амбасадори во разговор со студентите на УАКС

01.12.2021г.

На 2 декември 2021 година, четврток, со почеток во 11 часот, на Универзитетот Американ Колеџ Скопје се организира панел-дискусија на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“.

На панелот ќе земат учество пет амбасадори од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, земја актуелен претседавач со Европката унија, акредитирани во Република Северна Македонија.

Настанот е дел од големата паневропска иницијатива „Конференција за иднината на Европа“ во која за првпат можност за учество добиваат и македонските граѓани, односно студентите од УАКС, преку поддршката од унгарското претседателство на Вишеградската група.    

Имајќи предвид дека по приемот на Хрватска, процесот на проширувањето на Европската Унија доживеа забавување, прашањето за приемот на Република Северна Македонија останува актуелно. Сепак, земјите на Западен Балкан имаат силна перспектива како членки и суштински е важно да се слушнат мислењата на нивните граѓани во однос на иднината на Европа и што тие очекуваат од европските институции, бидејќи тие сепак ќе станат дел од Европската унија.

Токму прашањето за тоа какви се мислењата и очекувањата од Европската унија е повод за средба на која петте амбасадори ќе ги претстават своите ставови, по што свои мислења и идеи ќе изложат и студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје.

 

Обраќање:

проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на УАКС

Панелисти:

Н.Е. Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија

Н.Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешка

Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка

Н.Е. Војциех Тицињски, амбасадор на Полска

Н.Е. Милан Предан, амбасадор на Словенија

Модератор:

вон. проф. д-р Марина Андева, генерален секретар на УАКС

 

„Конференцијата за иднината на Европа е иницирана од страна на владите на Франција и Германија, со цел заеднички да им се пристапи на овие предизвици и да се размисли за иднината на ЕУ од аспект на тоа какви реформи се потребни, на кои прашања треба ЕУ да им посвети поголемо внимание и кои прашања може да се разрешат подобро од страна на земјите-членки. Овој процес се одвива по принцип на што попосветено слушање на граѓаните, посебно младите луѓе, во однос на тоа што тие очекуваат од европската соработка, кои прашања им значат и како ЕУ може да им помогне.“- Н.Е. Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија во РСМ

 

Програмата е организирана од страна на унгарското претседателство на Вишеградската група и УАКС со цел да се истакне важноста на процесот на проширување и да се вклучат граѓаните од земјите на Западен Балкан, посебно младите, во процесот на креирање на иднината на Европа.

2 декември 2021 г., четврток

11:00 - 12:30 CET

Универзитет Американ Колеџ Скопје

Настанот се организира според епидемиолошките мерки за заштита. Поради ограничениот број на учесници, настанот може да се проследи и онлајн на платформата Webex: https://uacs.webex.com/uacs/j.php?MTID=m80bf77731959d248891777e758016a97

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано