Општество

Македонија2025 објавува 7 (седум) стипендии за Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (РАНЕПА)

Македонија2025 објавува 7 (седум) стипендии за Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (РАНЕПА) во Москва за учебната 2021 година, најдобра Бизнис школа во Русија со меѓународна и национална акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на 4-тото место. 

И тоа за следниве области и вид на студии:

- две (2) стипендии со целосна школарина за додипломски студии по Европски бизнис, јазик и култура  (4 годишни студии)

- две (2) стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (2 годишни студии) и

- три (3) стипендии со делумна школарина (50%)  за магистерски студии за управување со проекти  (2 годишни студии).

Ова е одлична можност за млади и амбициозни ученици/студенти да се здобијат со меѓународно искуство и диплома, и да запознаат колеги и професионалци од различни краеви на светот. 

Краен рок за аплицирање: 25 март 2021 год.

Повеќе детали околу стипендиите, ќе најдете на следниот линк: https://cutt.ly/tzI8wPo

ПРЕПОРАЧАНО