Финансии / Банкарство

Војновиќ: Остануваме сигурен партнер и се стремиме да станеме уште подобри и вредни за доверба

Што очекуваат од 2021 година?

Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување:

Имавме година исполнета со предизвици и неизвесност и тие секако ќе продолжат и во 2021 година. Оваа година агилноста ја издигнавме на уште повисоко ниво, прилагодувајќи го брзо и ефикасно начинот на работа во согласност со условите на пандемија, а тоа секако ќе продолжиме да го применуваме и следната година.
Осигурителниот пазар во земјава е многу конкурентен и динамичен, а работата и животот во услови на пандемија се дополнително оптоварени, но Триглав има јасна визија и стратегија што сака да постигне.
Компанијата ќе продолжи да развива дигитални алатки за поедноставување на процесите и унапредување на услугите и да воведува нови продажни канали, како и иновативни решенија за производи, во согласност со развојот на индустријата и со потребите на пазарот и на клиентите. Нашите конкурентски предности и внимателно одбраните вредности, според кои работиме, ги користиме да ја задржиме цврстата лидерска позиција во доменот на неживотно осигурување и да растеме во другите осигурителни сегменти, а воедно единствени на пазарот можеме да понудиме квалитетни консолидирани решенија во доменот на имотни, животни и пензиски осигурувања. Во фокусот на нашите активности останува достапноста на услугите до клиентите, чие задоволство и лојалност се наш стратешки приоритет. Како дел од групација, која повеќе од 120 години гради финансиска стабилност и посигурна иднина за сите свои клиенти, вработени и соработници, остануваме сигурен партнер и се стремиме да станеме уште подобри и вредни за доверба.

 

ПРЕПОРАЧАНО