Финансии / Банкарство

Арсов: Трендот и фокусот на „зелените“ (green) економии ќе продолжи со забрзано темпо

Што очекуваат од 2021 година?

Ана Арсов, директор, услуги на Мудис за инвеститорите:

По големиот шок во светските економии, очекувам бавно и нееднакво опоравување на економско ниво. Г20-економиите се соочија со огромни економски загуби од -3,8 % во 2020 година и нивото на закрепнување во БДП се очекува околу +4,9 % во 2021 година. Но, тоа ќе зависи од 3 клучни фактори: 1) дистрибуцијата на вакцините 2) понатамошна монетарна и фискална поддршка и 3) ефективно менаџирање со пандемијата. Земјите во развој, со исклучок од Кина, контрактираа колективно -6,6 % оваа година и нивното опоравување ќе оди поспоро и асиметрично.
Кризата, исто така, очекувам да ги забрза веќе постоечките трендови како дигитализацијата која може да креира економски ефикасности, но на штета на уште поголема невработеност за одредени професии. Од позитивна страна, трендот и фокусот на „зелените“ (green) економии ќе продолжи со забрзано темпо.

ПРЕПОРАЧАНО