Финансии / Банкарство

Паолучи: Клучно ќе биде задолжувањето на јавниот сектор да се прави на паметен, фискално-прудентен и одржлив начин

Што очекуваат од 2021 година?

Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово:

Во 2020 година светот изгледа многу поразличен од она што мислевме на крајот од 2019 година. Никој во Северна Македонија и во остатокот на светот не можеше да очекува дека ќе се промени нашиот начин на живот, дека нашата иднина ќе треба да се гледа во различно светло поради ковид-19. Достапноста на вакцините ни дава нова надеж на сите и 2021 година самата се прогласи за година на заздравување. Сепак, за заздравувањето од здравствените и економските шокови предизвикани од ковид-19 нема да биде потребно само време, туку и визија, храброст и убеденост за носење одлуки за справување со краткорочните импликации од кризата и потреба да се продолжи со инвестирање на долг рок со фокус на човечкиот капитал, премин кон „зелен и одржлив“ раст и избалансиран раст што е предводен од приватниот сектор. Клучно ќе биде задолжувањето на јавниот сектор да се прави на паметен, фискално-прудентен и одржлив начин. Ѝ посакувам на Северна Македонија просперитетна и енергична 2021 година.

ПРЕПОРАЧАНО