Финансии / Банкарство

Ангеловска-Бежоска: И во 2021 година ќе бидеме посветени во поддржувањето на економијата и на животниот стандард на граѓаните во рамките на нашиот мандат

Што очекуваат од 2021 година?

Што очекувате од 2021 година?

Анита Ангеловска-Бежоска: За 2021 година, проекциите на Народната банка упатуваат на постепено заздравување на   економијата од шокот предизвикан од пандемијата на ковид-19, а за 2022 година на нејзино враќање на преткризните патеки. Закрепнувањето на економијата ќе биде поддржано од поволните финансиски услови кои се одраз на олабавената монетарна политика, во услови на солидно ниво на девизните резерви и отсуство на инфлациски притисоци. Но, макроекономското сценарио главно е условено од развојот на здравствената криза. Затоа искрено посакувам да се остварат позитивните, а не негативните ризици – заканата од корона вирусот да се надмине побрзо од очекуваното, што може да значи и забрзување на економската активност над очекувањата. Се надевам дека од оваа криза ќе се искористи придобивката – забрзаната дигитализација која може значително да придонесува во брзината на заздравувањето на економијата, особено преку поттикнување на финансиските иновации и поголема финансиска инклузивност. Како што вложивме максимални напори да им одговориме на бројните предизвици во годината што останува зад нас, и во 2021 година ќе бидеме посветени во поддржувањето на економијата и на животниот стандард на граѓаните во рамките на нашиот мандат.

ПРЕПОРАЧАНО