Општество

Џафери: Очекувам да успееме да се вратиме на вообичаениот тек на живот и функционирање на институциите

Што очекуваат од 2021 година?

Што очекувате од 2021 година?

Талат Џафери: Глобалната здравствена ситуација која, за жал, беше и во догледно време ќе продолжи да биде во знакот на пандемијата со ковид-19 ни го окупираше сето време и внимание, и сите наши напори беа концентрирани во насока на спречување, на ублажување и на опоравување на последиците кои ги остава зад себе овој потрес по здравствените и економските системи во нашава земја, како и во целиот свет. Моравме да ги прилагодиме и да ги менуваме воспоставените навики и начини на работа, комуникација и конкретно функционирање на секој сегмент во општеството. Последиците по економијата се огромни поради затворањето на економските оператори и губењето на работните места и намалувањето на куповната моќ на граѓаните. Сепак, со оглед на веќе одобрените вакцини, во новата 2021 година која, се чини, дојде пребрзо, очекувам да успееме да се вратиме на вообичаениот тек на живот и функционирање на институциите, меѓутоа пред сè добро здравје за нашите граѓани, економска благосостојба и успешно справување со политичките предизвици кои, се чини, се составен дел на нашето интегрирање во европското семејство.

ПРЕПОРАЧАНО