Економија

Дваесет илјади вработени во Ер Канада си одат дома

блиц свет

„Ер Канада“ (Air Canada) објави дека планира да отпушти над 20 илјади свои вработени или околу 60 % од нејзината работна сила. Како што јавија од компанијата, тие на ваков чекор се одлучиле поради проекцијата за операциите кои ги очекуваат на среден и долг рок, а се производ на намалената активност поради кризата предизвикана од пандемијата. Синдикатот кој го претставува авионскиот персонал на „Ер Канада“ соопшти дека во разговорите со авиокомпанијата е побарано да им остави на вработените опција да ги намалат своите часови, да одат на одмор до две години или да си дадат оставка со привилегии за идни патувања, објавуваат канадските медиуми. Одлуката на компанијата ги разбуди и политичките власти во Канада при што премиерот Трудо најави дополнителни мерки за помош на авиоиндустријата. „Ер Канада“ одби да ги користи мерките на Владата за субвенционирање на платите од страна на државата, потенцирајќи дека авионскиот транспорт нема наскоро да се врати на претходното ниво. „Ер Канада“ е најголемиот канадски авиопревозник чија работна сила во моментов надминува 38 илјади вработени. 

ПРЕПОРАЧАНО