Економија

СРБИЈА ИЗДАДЕ ОБВРЗНИЦИ ЗА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

блиц свет

Седумгодишни државни записи ќе котираат на Лондонската берза (London Stock Exchange) и ќе носат годишен купон од 3,125 % и стапка на вкупен принос од 3,375 %.  Издавањето на државните обврзници привлече интерес на повеќе од 300 инвеститори од целиот свет при што побарувачката достигна седум милијарди евра, се вели во соопштението на Централната банка на Србија. Средствата собрани од продажба на хартиите од вредност ќе бидат искористени за финансирање на програми за поддршка на економијата во услови на глобална економска криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот (ковид-19). Во ноември Србија продаде десетгодишни државни записи во вредност од 550 милиони евра кои, исто така, котираат на Лондонската берза (ЛСЕ). „Задоволни сме од постигната цена во услови на криза, имајќи предвид дека се работи за обврзници кои не се покриени со европска гаранција. Секако, кога ќе се исполнат условите на меѓународниот пазар Србија ќе размисли да ги замени средствата собрани под уште поповолни услови како што направивме и минатата година“, изјави гувернерот на Централната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ.

ПРЕПОРАЧАНО