Економија

ПРОИЗВОДИТЕЛ НА РЕСПИРАТОРИ СТАНА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО СИНГАПУР

блиц свет

Ли Ситинг (Xiting Li), претседател на компанијата Шензен миндреј биомедикал електроникс (Mindray Bio-Medical Electronics Co Ltd) е најбогатиот човек во Сингапур. Неговото богатство месечно се зголемува за една милијарда долари откако вредноста на акциите на неговата компанија за производство на медицински апарати, меѓу кои и респиратори, се зголеми за речиси 50 проценти откако се појави пандемијата со новиот корона вирус. Вредноста на Шензен миндреј бимедикал електроникс од почетокот на годинава, според податоци на Блумберг, се зголеми од 4,3 милијарди на 13,5 милијарди долари. Според компанијата, нарачките за нивните производи нагло се зголемени во март оваа година, посочувајќи на над 100 земји од каде што имаат добиено нарачки за медицински апарати за борба против корона вирусот. Компанијата соопшти дека примила нарачка за околу 10 000 респиратори само од Италија, без да ја наведат цената на апаратите. Производството на респиратори претставува сложена и високоспецијализирана технолошка активност која можат да ја изведат само мал број компании. Ли Ситинг е роден во кинеската провинција Анхуи, но живее во Сингапур од 2018 година. 

ПРЕПОРАЧАНО