Економија

АЛКАЛОИД ЌЕ ДОНИРА 250.000 КУНИ (ОКОЛУ 33.000 ЕВРА) НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБ

28 04 2020г.

Свесни за ситуацијата во која се најде клиничкиот центар во Загреб, македонската фармацевска компанија Алкалоид реши да помогне во справување со последиците од земјотресот и со последиците од кризата предизвикана од корона вирусот.

Нашата компанија, која е присутна на хрватскиот пазар од 1969 година, ќе донира 250.000 куни (околу 33.000 евра). Средствата првенствено ќе бидат наменети за ублажување на последиците од земјотресот на објектите на Клиниката за женски болести и пораѓања и Клиниката за белодробни заболувања. Од компанијата веруваат дека донирате средства во голема мера ќе ги подобрат условите за работа на медицинскиот персонал, и ќе ги подобрат условите за престој на пациентите во клиницкиот центар.

„Во услови кога сите економии се препуштени самите на себе и се борат да ги ублажат последиците од новата економска криза, кога загубата на работните места се неизбежен дел од оваа сурова реалност, кога логистичките нарушувања го отежнуваат пласманот на производи, ретки се компаниите кои можат да ги совладаат овие предизвици и да им помогнат на нивните економии во толку тешки времиња. На сите ни е наметната нова норма на социјално достанцирање и виртуелни контакти, но се надевам тоа е само привремено и дека ќе излеземе од ова лошо искуство со лекција што веројатно веќе сите ја научивме: дека понекогаш треба да забавиме и да ги цениме малите работи во животот. Да ги поздравиме медицинските сестри, здравствените работници, хигиеничарите, продавачите во маркетите, фармацевтите и вработените во аптеките, превозниците, пекарите, да посветуваме квалитетно време на нас самите и на нашите најблиските“, вели Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид.

Неодамна за помош на македонскиот здравствен систем во борбата со Ковид 19, Алкалоид донираше 200 илјади евра.

ПРЕПОРАЧАНО