Економија

КВАЛИТЕТ ПРОМ ДООЕЛ КУМАНОВО НЕМА ДА ГИ ОТПУШТИ СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ

Соопштение од Квалитет Пром ДООЕЛ Куманово

Квалитет Пром ДООЕЛ Куманово како најголем работодавач во Општина Куманово со 750 вработени е компанија со широк опсег на дејности, изградено име и репутација на сигурен и стабилен партнер во снабдување со градежни материјали. Компанијата се занимава со продажба на железо и градежни материјали, а од 01.11.2017 година е основана подружница Квалитет Пром Производство, за производство на електрични модули за автомобилска индустрија, проект на кој се гордееме и претставува голем чекор за намалување на невработеноста и отварање на нови работни места.

Поради здраствено економската криза која настана како резултат на пандемијата Ковид 19, ја информираме јавноста дека нашата компанија нема да ги отпушти своите вработени, односно договорите на определено време ги продолжуваме и заедно ќе ја пребродиме кризата која е присутна моментално во големи размери.

Негуваме позитивна корпоративна култура и отпуштањете на вработените е  краткорочна стратегија, која не  носи ништо добро  на пазарот на трудот и капиталот. Вработените во нашата компанија се најголемиот капитал и за нашиот брендинг се пред, за време и по завршување на кризата наше богатство.  

Во целост ги почитуваме препораките и мерките на Владата често на сопствен трошок одиме и над тоа, а сe во името на здравјето и благосостојбата на нашите вработени и со единствена  цел намалување на здравствениот ризик на вработените. Почитувајќи го пред сѐ начелото на превенција имплементиравме План на мерки за безбедност и здравје при работа во услови на опасност од ширење и зараза со КОРОНА вирусот COVID-19, кој се ажурира согласно мерките и препораките на Владата и надлежните органи за заштита и превенција  од КОРОНА вирусот а со кој се запознати нашите вработени.

Сево ова во својата севкупност го сметаме како влог во иднината и со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Имаме успешна формула за менаџирање со луѓето и продолжуваме, подобруваме, ги прошируваме  капацитетите на нашите човечки ресурси и ја зајакнуваме уште посилно во ова здравствено економска криза меѓусебната лојалност на компанијата и вработените.

Со оптимистички став сме кон иднината, работиме посветено и солидарно кон излегување од кризата.

ПРЕПОРАЧАНО