Економија

НОВИ ПОТРОШУВАЧКИ И СТАНБЕНИ КРЕДИТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ НЛБ БАНКА

НЛБ Банка оваа година прославува 35 годишен јубилеј од своето постоење и успешно работење на домашниот пазар. По тој повод, за своите клиенти,Банката воведе промотивни кредитни продукти за физички лица со пониски каматни стапки: НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка и НЛБ Станбен кредит со 35 години рок на отплата.

Воедно во периодот од  01.03.2020 до 31.05.2020 година, НЛБ Банка води промотивна кампања за кредити, во рамките на која клиентите можат да аплицираат за новите кредитни продукти и да ги искористат промотивните поволности, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Новите поволности и пониските каматни стапки се во насока на задоволување на потребите и барањата на клиентите. Со зголемување на периодот на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со зголемување на периодот на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Повеќе информации за новите кредитни продукти клиентите можат да добијат на веб страницата: nlb.mk, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/15 600.

ПРЕПОРАЧАНО