Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Штефан Петер: БИЗНИС СЕКТОРОТ ОЧЕКУВА СТАБИЛНОСТ, ПРЕДВИДЛИВОСТ И ОДРЖЛИВОСТ

Во изјавата за 2016 година обрнав внимание на обезбедувањето ликвидност на економијата и олеснувањето на плаќањето на државните трансфери во економијата со цел да се зголеми потрошувачката на домаќинствата, да се обезбеди повисок животен стандард и со тоа да се забрза економската активност. 2017 беше година на предизвици и промени во која добивме нова влада и нова економска политика која ги потврдува моите претходни очекувања со овозможување повеќе државни трансфери во економијата преку преструктурирање на социјалните трансфери, побрз поврат на ДДВ, капитални инвестиции итн. Во годината која следува, целиот бизнис-сектор очекува стабилност, предвидливост и одржливост. Новата економска политика се очекува да донесе уште подобри резултати. Владата шири оптимизам и треба да знае дека нашите очекувања се поголеми. Сепак, сите ние треба да размислуваме повеќе холистички и да ги имаме предвид економските, социјалните и еколошките последици што сите наши одлуки и дејствувања ги имаат денес, но и во иднина.

ПРЕПОРАЧАНО