Финансии / Банкарство

НОВАРТИС ЈА КУПУВА ФРАНЦУСКАТА ААА ЗА 4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

блиц свет

Адвансд акцелератор апликејшнс (Advanced Accelerator Applications-AAA) постигнаа договор за преземање со Новартис (Novartis) вреден четири милијарди долари. Со договорот, Новартис треба да обезбеди 41 американски долар за една обична акција, како и 82 американски долари за американската депозитна акција, што претставува раст од 47 проценти од пазарната цена пред објавата на постигнатиот договор. Со аквизицијата на ААА, Новартис се стекнува со водечка технологија за распределба на радиоактивни елементи кои се употребуваат не само за дијагностицирање туку и за отстранување на рак клетките од организмот. Нивниот водечки лек, лутатера (Lutathera), обезбеди поддршка за развој од страна на Европската Унија за борба против туморите кои се развиваат во стомакот и во цревата, и кои беа причинител за смртта на основачот на ЕПЛ, Стив Џобс. Пред нешто повеќе од две години Новартис го купи целото онколошко портфолио на Глаксо Смит Клајн (GlaxoSmithKline) за 16 милијарди долари, што заедно со сегашната аквизиција на  AAA го поставува на врвот во фармацевтскиот свет за борба против ракот. 

ПРЕПОРАЧАНО