Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Андреас Елснер: 2018 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА ИНТЕРНЕТ И КОНВЕРГИРАНИ УСЛУГИ

Главен извршен директор на Mакедонски Телеком

На телекомуникацискиот пазар, 2018 година ќе биде година на интернет и на конвергирани услуги. Корисниците се гладни за мобилен интернет, а за тоа се потребни големи инвестиции во мрежата. Во наредниве три години очекуваме постојано зголемување на користењето мобилен интернет и планираме инвестиции во мрежата и најновите технологии од над 60 милиони евра. Исто така во понудите ќе има многу повеќе вклучен мобилен интернет во споредба со претходниве години затоа што корисниците тоа го бараат. Нареднава година ќе продолжи и трендот на конвергирани услуги, а очекуваме и да порасне. Во моментов секое десетто семејство во Македонија користи Магента 1 (Magenta 1) пакет на услуги затоа што така е поповолно и поедноставно за корисниците – сите услуги на една сметка за целото семејство. Во наредниве неколку години ќе работиме и на дигитализација, ќе има сѐ помалку корисници во салоните, сѐ помалку повици во Контакт центарот, а ќе се зголеми купувањето онлајн, онлајн трансакциите, користењето апликации. Накратко, во 2018 година ќе продолжи трендот на дигитализација, на користење конвергирани услуги со двојно или со тројно повеќе интернет, а за тоа ќе биде потребна мрежа преку која ќе може да се пренесуваат големи количини податоци кои веќе нема да се мерат со терабајти, туку со петабајти.

ПРЕПОРАЧАНО