Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Златко Муцунски: НЕ Е ДОВОЛНО ДА СЕ СЛЕДИ ТРЕНДОТ, ПОТРЕБНО Е НИЕ ДА ГО ПОСТАВИМЕ ТРЕНДОТ

Генерален директор на Порше Македонија

Секоја година се обидуваме да го најдеме вистинскиот одговор на ова прашање. Секоја година е подинамична од претходната. Технологијата напредува, трендовите во бизнисот се забрзуваат, конкуренцијата се заострува и сето тоа е одлично. Наместо да зборуваме за економска несигурност, наместо да чекаме бурата да помине, научивме да „јаваме на брановите“. Од нас се бара да знаеме повеќе, да понудиме повеќе. Клиентите копнеат по доживувања, по приказна… И тука ние стапуваме на сцена. Нашиот тим знае дека не е доволно да се следи трендот, потребно е ние да го поставиме трендот. Затоа ние, максимално посветени на потребите и на желбите на клиентите, воведуваме нови автентични концепти, нови идеи, нови дизајни, нови модели. Подготвени за нови предизвици, очекуваме многу динамика и креативност во новата година.

ПРЕПОРАЧАНО