Финансии / Банкарство

КИНА ГО ФИНИШИРА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ БАЈПАС НА РУСИЈА

блиц свет

Лидерите на Азербејџан, на Грузија и на Турција, Илхам Алијев, Ѓорѓи Квирикашвили и Реџеп Таип Ердоган, ја пуштија во употреба железничката линија која го поврзува Каспиското пристаниште во Баку, Азербејџан преку Тбилиси, Грузија, сѐ до градот Карс во Источна Турција. Пругата, долга над 800 километри и вредна над една милијарда долари, почната е со градба во 2008 година и претставува еден од клучните сегменти на средниот транскасписки коридор на иницијативата „Еден појас, еден пат“. Овој коридор претставува алтернатива на транссибирската железница која досега претставуваше единствена линија која ја поврзуваше Кина со Европа. Регионално проектот претставува предизвик и за нестабилниот регион, упатувајќи на поголема економска соработка на Турција со земјите од Каспискиот Регион. Новата линија ќе го намали времето за транспорт од Кина до Европа на само 15 дена, што претставува двојно помалку од транспортот преку море, но и двојно поевтино од транспортот со авион. „Еден појас, еден пат“ претставува најголема политичко-економска иницијатива на Кина за поврзување на Далечниот Исток со Европа и со Африка. 

ПРЕПОРАЧАНО