Финансии / Банкарство

ЕУ ДОНИРАШЕ 96 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ХРВАТИТЕ ДА ПИЈАТ ПОДОБРА ВОДА

блиц свет

Речиси 96 милиони евра од Кохезискиот фонд Европската унија одлучи да ги инвестира за надградба на мрежите за водоснабдување и отпадни води во Хрватска. „Секое евро што ЕУ го инвестира во овие проекти придонесува за подобар пристап до чиста вода за пиење и зачувана животна средина во Хрватска“, изјави комесарот за регионална политика Корина Крецу. Пакетот вклучува 19,3 милиони евра за изградба на пречистителна станица за отпадни води и системи за филтрирање во градското подрачје Осијек и градовите Билје и Дарда. Од ова, 125 000 луѓе ќе имаат корист преку подобар пристап до вода за пиење, а овој проект треба да биде завршен до крајот на 2018 година. Исто така речиси 28 милиони евра Хрватите добија за надградба на четири пречистителни станици за отпадни води во урбаните подрачја на Лантерна, Пореч Север, Пореч Југ и Врсар, во западниот регион Истра. Најмногу, речиси 50 милиони евра, Хрватска доби за обезбедување вода за пиење на островот Крк.

ПРЕПОРАЧАНО